Оваа политика за приватност објаснува како стоматолошката ординација Д-р Милановски ги собира, користи и чува вашите лични податоци: кога ја посетувате веб-страницата, кога ни испраќате барање за термин и кога доаѓате на преглед или лекување. Се потрудивме да ја напишеме јасно, без непотребни правни изрази.

Податоците ги обработуваме според Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020 и 294/2021). Тој во голема мера е усогласен со Општата регулатива за заштита на податоците на Европската Унија (GDPR).

Кој е одговорен за вашите податоци

Контролор, односно правното лице одговорно за обработката на вашите податоци, е:

  • ПЗУ Д-Р МИЛАНОВСКИ Скопје (Приватна здравствена установа-Ординација по општа стоматологија Д-Р МИЛАНОВСКИ Скопје)
  • Адреса: бул. Јане Сандански 96, 1000 Скопје (општина Аеродром)
  • ЕМБС: 7069359
  • ЕДБ: 4032015529630
  • Е-пошта: dr.milanovski@gmail.com
  • Телефон: +389 78 218 457

За секое прашање во врска со вашите податоци, пишете ни или јавете ни се.

Кои податоци собираме

Барање за термин преку веб-страницата

Во формуларот за закажување термин бараме само она што ни треба за да ве контактираме и да ви закажеме термин:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • е-пошта (незадолжително)
  • јазикот на кој сакате да ве контактираме
  • третманот што ве интересира, избран од список
  • посакуван датум и дел од денот
  • кратка порака, ако сакате нешто да додадете

Формуларот автоматски ја додава и страницата од која сте го испратиле барањето. Ако внесете е-пошта, на неа ќе добиете автоматска потврда.

Во формуларот не бараме податоци за здравјето. Доволно е кратко да напишете зошто доаѓате, на пример „преглед“ или „паднала пломба“. Болестите, лековите и дијагнозите не ги пишувајте во пораката: за нив ќе разговараме во ординацијата.

Полето на крајот од формуларот, со кое се согласувате да ве контактираме за терминот, не е однапред означено. Лицата помлади од 14 години не треба сами да го пополнуваат формуларот.

Кога ќе ни се јавите или ќе ни пишете

Ако ни се јавите или ни пишете по е-пошта, ги користиме вашето име, телефонскиот број или е-адресата и она што ќе ни го кажете, за да ви одговориме и да закажеме термин.

Копчето за Viber на сајтот отвора разговор со нашиот број во апликацијата Viber. Ако ни пишете таму, пораката ја пренесува и давателот на Viber, според своите правила за приватност.

Кога сте наш пациент

На прегледот и за време на лекувањето ги запишуваме податоците што се потребни за безбедна грижа: лични и контакт-податоци, податоци за здравственото осигурување кога услугата ја покрива Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), општата здравствена состојба, лековите и алергиите, наодот, рендгенските снимки ако ги има, планот за лекување и она што е направено. Тие се водат во вашиот стоматолошки картон.

Технички податоци при посета на сајтот

Кога ја отворате страницата, серверот и службата за безбедност автоматски ги обработуваат IP-адресата, видот на прелистувачот и времето на посетата. Тоа е потребно за страницата да се прикаже и да се заштити од напади и спам.

Кога испраќате барање, IP-адресата се користи и за заштита на формуларот: се памети најмногу еден час, само за да се ограничи бројот на барања. Ако е вклучена проверката Cloudflare Turnstile, и таа ја обработува за да разликува луѓе од автоматизирани програми.

Зошто ги користиме и на која правна основа

  • Одговор на барање и закажување термин. Основа: чекори што ги преземаме на ваше барање пред да ви дадеме услуга (член 10 став (1) алинеја 2 од Законот).
  • Преглед, лекување и стоматолошки картон. Основа: обработката е неопходна за дијагноза и лекување и ја врши стоматолог обврзан на професионална тајна (член 13 став (2) точка 8 и став (3)). Водењето медицинска документација е и наша законска обврска (член 10 став (1) алинеја 3).
  • Услуги преку ФЗО. Ако д-р Кирил Милановски е ваш избран стоматолог, на Фондот му ги доставуваме податоците што ги бараат прописите. Основа: законска обврска.
  • Сметки и сметководство. Основа: законска обврска според даночните и сметководствените прописи.
  • Безбедност на сајтот и заштита од спам. Основа: наш легитимен интерес да ги заштитиме страницата и податоците на посетителите (член 10 став (1) алинеја 6).
  • Аналитика, ако е вклучена. Основа: вашата согласност, која ја давате или ја одбивате во полето за колачиња.
  • Мапа на Google. Се вчитува само кога ќе кликнете „Прикажи ја мапата“. Основа: вашата согласност, која ја давате со тој клик.
  • Фотографии од забите за објава, на сајтот или на социјалните мрежи. Основа: ваша изречна писмена согласност (член 13 став (2) точка 1). Објавуваме само фотографии на кои пациентот не може да се препознае. Фотографии и податоци за лекувањето на деца не објавуваме.

Податоците од формуларот не ги користиме за рекламни пораки. Не донесуваме одлуки за вас само врз основа на автоматска обработка и не правиме профилирање.

Не сте обврзани да ни дадете податоци преку сајтот, но без име и телефон не можеме да ве контактираме. За лекувањето, пак, ни се потребни податоците за вашето здравје за кои ќе ве праша стоматологот: без нив не би можеле безбедно да ве лекуваме.

Податоци за здравјето и стоматолошкиот картон

Податоците за здравјето се посебна категорија лични податоци и законот ги штити построго. Ги собираме само во ординацијата: од вас или од документацијата што ќе ни ја донесете, на пример стари снимки или упат.

До вашиот картон пристап имаат само стоматологот и лицата што учествуваат во вашето лекување. Сите тие се обврзани да чуваат професионална тајна.

Картонот и снимките ги чуваме онолку долго колку што пропишуваат прописите за медицинска документација. Затоа барањето за бришење на картонот не може да се исполни пред тој рок да истече (член 21 став (3) од Законот). Увид во картонот и копија можете да побарате во секое време.

Колку долго ги чуваме податоците

ПодатоциРок на чување
Барање за термин од веб-страницата180 дена од приемот, потоа се брише
Стоматолошки картон и снимкиКолку што пропишуваат прописите за медицинска документација
Сметки и сметководствени документиКолку што пропишуваат даночните и сметководствените прописи
Писмена согласност за објава на фотографииДодека не ја повлечете согласноста
Вашиот избор за колачињатаСпоред Политиката за колачиња

Ако по барањето дојдете на преглед, името и телефонот стануваат дел од вашиот картон и се чуваат заедно со него.

Кој може да ги добие вашите податоци

Вашите податоци не ги продаваме и не ги даваме никому за рекламни цели. Ги добиваат само:

  • давателот на хостинг, на чии сервери работи веб-страницата
  • Cloudflare, услуга за безбедност и побрзо вчитување на страницата
  • давателот на е-пошта: барањата пристигнуваат во е-поштенското сандаче на ординацијата, кое е на Gmail (Google)
  • Google, кога ќе ја вчитате мапата или ако сте ја прифатиле аналитиката
  • забната лабораторија, само податоците потребни кога за вас се изработува навлака (коронка) или друга изработка
  • ФЗО и други институции, кога тоа го бара законот

Надворешните даватели што обработуваат податоци во наше име (обработувачи) со договор се обврзани да ги штитат и смеат да ги користат само по наши упатства.

Пренос на податоци во странство

Некои даватели, на пример за е-пошта и за безбедност на сајтот, може да ги чуваат податоците на сервери во Европската Унија или во САД. Пренос во земја членка на ЕУ или на Европскиот економски простор е дозволен според член 48 од Законот.

Во други земји податоците може да се пренесат само ако Агенцијата утврдила дека таму постои соодветно ниво на заштита или ако се обезбедени соодветни заштитни мерки, на пример стандардни клаузули за заштита на податоците (членови 49 и 50). На ваше барање ќе ви кажеме кои мерки се применуваат.

Вашите права

Според Законот, имате право:

  • на пристап: да дознаете дали обработуваме податоци за вас и да добиете копија од нив (член 19)
  • на исправка: неточните податоци да се исправат во рок од 15 дена, а нецелосните да се дополнат (член 20)
  • на бришење: во рок од 30 дена, кога податоците повеќе не се потребни или нема правна основа за нив (член 21); медицинската документација се чува колку што бара законот
  • на ограничување на обработката, на пример додека проверуваме дали некој податок е точен (член 22)
  • на преносливост: податоците што сте ни ги дале, а ги обработуваме автоматизирано врз основа на согласност или договор, да ги добиете во вообичаен електронски формат (член 24)
  • на приговор на обработката што се заснова на наш легитимен интерес (член 25)
  • да ја повлечете согласноста во секое време, исто толку лесно како што сте ја дале; тоа не влијае врз законитоста на обработката пред повлекувањето (член 11)

Како да ги остварите правата

Пишете ни на dr.milanovski@gmail.com, јавете се на +389 78 218 457 или кажете ни кога ќе дојдете во ординацијата. Може да ве замолиме да го потврдите вашиот идентитет, за да не дадеме податоци на погрешно лице.

Ќе ви одговориме без непотребно одложување, најдоцна во рок од еден месец. Ако барањето е сложено, рокот може да се продолжи за уште два месеца; за тоа и за причините ќе ве известиме во првиот месец (член 16). По правило, за одговорот не плаќате ништо.

Право на барање до Агенцијата

Ако сметате дека вашите податоци се обработуваат спротивно на Законот, можете да поднесете барање за утврдување повреда до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), според член 97. Образецот за барањето е на веб-страницата на Агенцијата.

Ако сакате, прво пишете ни, па заедно ќе се обидеме да го решиме прашањето, но тоа не е услов.

  • Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 (зградата на Македонска радио-телевизија, кат 14), 1000 Скопје
  • Телефон: +389 2 3230 635
  • Е-пошта: info@privacy.mk
  • Веб-страница: azlp.mk

Против одлуката на Агенцијата имате право на судска заштита (член 98). Можете и директно да поднесете тужба до надлежниот суд, ако сметате дека со обработката на вашите податоци ви се повредени правата (член 99).

Како ги штитиме податоците

Сајтот работи преку шифрирана врска (HTTPS), а формуларот е заштитен од автоматски спам. До барањата и до картоните пристап имаат само овластени лица на кои им се потребни за работа.

Ако дојде до повреда на безбедноста на податоците, ќе ја известиме Агенцијата без непотребно одлагање, по можност во рок од 72 часа (член 37). Ако повредата може да предизвика висок ризик за вашите права, ќе ве известиме и вас (член 38).

Колачиња, мапа и надворешни линкови

Без ваша согласност, сајтот користи само неопходни колачиња. Аналитиката, ако ја користиме, се вклучува само со ваша согласност, а мапата на Google се вчитува дури кога ќе кликнете „Прикажи ја мапата“. Ова го уредува Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025).

Деталите и начинот на кој можете да го промените изборот се во Политиката за колачиња.

На сајтот има линкови кон нашите профили на Instagram, Facebook и Google. Кога ќе ги отворите, важат правилата за приватност на тие компании, а не оваа политика.

Измени на оваа политика за приватност

Политиката ја менуваме кога ќе се смени начинот на кој работиме или кога ќе се сменат прописите. Новата верзија ја објавуваме на оваа страница, а датумот на последната измена е наведен на врвот на страницата.

Ако имате прашање за оваа политика, контактирајте нѐ.