Стоматолошки преглед и чистење на забен камен
При стоматолошкиот преглед ги проверуваме забите, непцата и целата уста, а при чистењето го отстрануваме забниот камен, кој четката не…
Д-р Милановски · Аеродром, Скопје
Од преглед и чистење на забен камен до пломби, лекување на канали, коронки и фасети: тука ќе најдете кратко објаснување за секој третман. Секој план почнува со преглед, а на прво место е зачувувањето на вашиот природен заб, кога тоа е можно.
„Save the tooth“
Д-р Милановски е ординација по општа стоматологија во Аеродром. Ако барате стоматолошки услуги во Скопје, кај нас секој третман почнува со разговор и преглед.
Нашето мото е „Save the tooth“ (да се спаси забот). Ако забот може да се зачува со пломба, лекување на канали или коронка, тоа е првото решение што го разгледуваме.
Ако не е можно или изгледите за успех се слаби, отворено зборуваме за другите опции, вклучително и вадење. Повеќе: Да се спаси забот.
Стоматолошките третмани се поделени во групи: од редовен преглед и поправка на заби до заби што недостасуваат, боја на забите, непца што крварат, вадење заб и забоболка.
При стоматолошкиот преглед ги проверуваме забите, непцата и целата уста, а при чистењето го отстрануваме забниот камен, кој четката не…
Белите (композитни) пломби се изработуваат од материјал во боја на забот. Со нив се поправа заб оштетен од кариес, окрнат…
Лекување на канали, или „вадење нерв“, како што често се вели, е третман за заб чиј нерв е воспален или…
Коронката, или навлаката, е капа по мерка што го покрива и го штити забот кога е скршен, истрошен или ослабен…
Протеза за заби („вештачки заби“) е мобилна замена за забите што недостасуваат: тотална, кога во вилицата нема ниту еден заб,…
Фасетите за заби (ламинати) се тенки обвивки од композит или порцелан што се лепат на предната површина на забот. Можат…
Белењето на заби е естетски третман во кој гел на база на пероксид ја осветлува природната боја на забите, без…
Вадење заб значи отстранување на забот од неговото лежиште во вилицата, најчесто со локална анестезија и во една посета. Се…
Лекувањето на непцата ги отстранува плакот и забниот камен над и под работ на непцето, за да се смири воспалението…
Забоболка, скршен заб, испадната пломба или оток од заб? Јавете ни се. Од понеделник до петок, во работното време, се…
Ако ве мачат криви заби, по прегледот може да ви предложиме ортодонтски третман и да ве упатиме кај ортодонт.
Не мора однапред да знаете што ви треба. Доволно е да ни кажете што ве мачи: болка, паднала пломба или боја на забите.
Цената зависи од состојбата на забите, бројот на заби и материјалот, па ја дознавате по прегледот, во писмениот план. Повеќе во ценовникот.
Ако се плашите од стоматолог, кажете ни уште на почетокот. Повеќе: Вашата прва посета.
Ординацијата има договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за примарна стоматолошка заштита. Осигурениците можат да го изберат д-р Кирил Милановски за свој избран стоматолог.
Правиме прегледи, бели (композитни) пломби и замена на стари пломби, вадење нерв (лекување на канали), вклучително и повторно лекување, колче и навлака (коронка), композитни фасети (ламинати) и белење на заби.
Разликата е колкав дел од забот се поправа или покрива.
Пломбата поправа дел од забот по кариес или кога ќе се скрши мало парче, обично во една посета.
Фасетата (ламинат) е тенка обвивка од композит или керамика само на предната страна на забот. Ги менува бојата и обликот, а обично бара брусење на тенок слој од глеѓта.
Навлаката (коронката) го покрива целиот видлив дел од многу оштетен или ослабен заб, на пример по лекување на канали. За неа забот се бруси повеќе отколку за фасета. Повеќе: Фасети, бондинг или коронки.
Естетската стоматологија се занимава со изгледот на забите: бојата, обликот и големината. Тука спаѓаат белењето, бондингот (обликување со композит) и фасетите.
Пред естетски третман се лекуваат кариесот и воспалението на непцата. Белењето ги посветлува само природните заби, не и пломбите, фасетите и коронките. Резултатите се разликуваат од човек до човек, а брусењето за фасета е неповратно.
Јавете ни се, пишете ни на Viber или испратете барање преку формуларот. Ќе ве контактираме за да договориме термин што ви одговара.